Библиотеката низ историјата


Во овие седумдесет и три години постоење и делување, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје е институција од областа на културата која остварува значајна улога во собирањето, чувањето, заштитата, истражувањето, проучувањето, промовирањето и користењето на пишаната културна историја, давајќи придонес во развивањето на знаењето и негувањето на националните културни вредности.

По ослободувањето на Скопје, во март 1945 година е донесена одлука за формирање на библиотека во градот. По претходно извршените подготовки, на 15 ноември истата година Библиотеката ја започнува својата културно-просветна дејност, со почетен книжен фонд од 3 500 публикации, од кои 500 книги биле детска литература. Во весникот „Нова Македонија“ од 16.11.1945 година е објавен написот: Градската библиотека – читална на град Скопје.

Дел од книжниот фонд со строга селекција бил преземен од предвоената библиотека која работела во Скопје од 1935 до 1940 година, а дел бил подарок од граѓаните на Скопје. Од основањето па сѐ до крајот на 1955 година, Библиотеката функционира како Градска библиотека, а од 1956 година е прогласена за околиска и е преименувана во Народна библиотека на Скопската околија, задолжена да делува како библиотечен центар за околијата. Oд 1953 до крајот на 1955 година сите библиотеки во Скопје биле под заедничка управа на Градската библиотека.

Целата историја

Настани

Објавено: 03 Декември 2019 Промоција на книга „Чешмичето раскажува“ од Мирјана Тренчева

Новелата ,, Чешмичето Раскажува“ е тематски и мотивски врзана за Скопје и дава придонес кон богатата и разновидна историја што македонските писатели ја испишуваат во своите дела. Станува збор за проза која како подлошка го има преданието за тасиното чешмиче во подножјето на Водно како своевидна тажна и поразителна сказна од времето на турското ропство со злоделата и поразиите што ги носи со себе.
Промотор: Васил Тоциновски
Извадоци од книгата читаа: Иванка Стојкова и Љубица Неделковска

Објавено: 28 Ноември 2019 Прослава на денот на Албанската азбука и Албанското знаме

Денес во библотеката „Цветан Димов“ учениците на ОУ „Адем Јашари„ и ОУ „Панајот Гиновски“ со скромна програма го прославивме 22 Ноември Денот на Албанската азбука и 28 Ноември денот на Албанското Знаме.


Објавено: 22 Ноември 2019 Чествување на Матеја Матевски

На 27 ноември, 2019 година (среда), во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје, ќе се одржи Чествување на големиот македонски поет академик Матеја Матевски по повод 90 години од неговото раѓање. За ликот и делото на Матевски ќе зборуваат академик Катица Ќулавкова и Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија

Објавено: 18 Ноември 2019 Републички натпревар „Млади библиотекари“

На 15.11.2019 година се одржа 20. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. На натпреварот учествуваа и се натпреваруваа 28 учесници од основните училишта на Република Северна Македонија. Петчлената комисија во состав: Јелисавета Костадинова, претседател, Маја Трајковиќ...

Објавено: 14 Ноември 2019 74 години постоење на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје

На денешен ден пред 74 години на 15 ноември 1945 година Библиотеката ја започнува својата културно просветна дејност. Објавено: „Нова Македонија“, 16 ноември 1945 година

Објавено: 14 Ноември 2019 Поетска книга „Човек“

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на 13 ноември во 12.00 часот се одржа промоција на поетската книга „Човек“ од Јовица Ивановски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2019 година. За наградента книга зборуваше Владимир Мартиновски а стихови интерпретираше актерот Владимир Петровиќ. Јовица Ивановски е роден 1961 година и е автор е на 14 поетски книги.

Објавено: 13 Ноември 2019 Промоција на поетска книга

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје има чест да ве покани на промоција на поетската книга „Човек“ од Јовица Ивановски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2019 година. За наградената книга ќе зборува Владимир Мартиновски а стихови ќе интерпретира актерот Владимир Петровиќ. Настанот ќе се одржи на 13 ноември (среда) 2019 година во Спомен - соба на Миладиновци со почеток во 12:00 часот.

Објавено: 31 Октомври 2019 Куклена претстава на тема: Здрава храна, заболекар и бонтон

Учествуваа студенти од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје
Изложба на цртежи на учениците од ООУ ,,Димитар Миладинов“ кои ги илустрираа своите впечатоци од претставата

Објавено: 31 Октомври 2019 Корица на книгата

Денес на 31.10.2019 во просториите на централната библиотека “Цветан Димов„ која се наоѓја во општина чаир ја реализиравме активноста по ликовниот предмет со тема : Корица на книгата.

Објавено: 29 Октомври 2019 Литературни творци од Македонија

Традиционална, годишна средба на членовите од Здружението на просветни работници- литературни творци од Македонија. Промовирани и наградени творби од членовите на здружението. Наградата за животно дело е доделена на...

Објавено: 25 Октомври 2019 Библиотека „Другарче“ – ликовна работилница „Златна есен“

Децата кои ја посетуваат игралната на библиотеката изработуваа фигури и колажи од есенски лисја

Објавено: 25 Октомври 2019 Општински натпревар „Млади библиотекари“

На 25 октомври 2019 година, во просториите на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, беше одржан XX Општински натпревар „Млади библиотекари“. Натпреварот започна во 10.00 часот и траеше 60 минути. Оваа година учествуваа и се натпреваруваа во знаење од областа на библиотекарството 43 ученици од 19 основни општински училишта од Скопје. Победникот ќе учествува на XX Републички натпревар „Млади библиотекари“ кој ќе се одржи, исто така, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Објавено: 24 Октомври 2019 Учество на конференција на библиотечна унија во Варшава

Директорката на Градската библиотека “Браќа Миладиновци” Скопје м-р Сузана Данаилова во периодот од 21-25 октомври присуствуваше на конференција на Библиотечната унија на СЕЕС во Националната библиотека на Полска во Варшава https://www.bn.org.pl

Објавено: 15 Октомври 2019 Ученици од ОУ „Коле Неделковски“ ја посетија Библиотеката

На 15 октомври 2019 година ученици од ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје, предводени од наставничката Радмила Илиева Стојановска и билиотекарот Весна Трајковска ја посетија нашата библиотека. Во рамките на посетата учениците се запознаа со работата на библиотеката, остварија интересни разговори во Детското оделение и присуствуваа на процесот на заштита на оштетените книги.

Објавено: 09 Октомври 2019 Ученици од приватното ОУ „Јахја Кемал“ – Скопје во посета на библиотеката„Другарче“

На 8 и 9 октомври библиотеката „Другарче“ ја посетија ученици од трето одделение одучилиштето „Јахја Кемал“. Посетата се реализираше преку запознавање на учениците со работата во библиотеката, разгледување на библиотечните одделенија и запознавање со начинот на зачленување во библиотеката.

Објавено: 09 Октомври 2019 Наставна активност на тема: „Најмладите пријатели на библиотеката во светот на бајките“

Во Библиотеката ,,Страшо Пинџур“ се одржа наставна активност на тема: ,, Најмладите пријатели на библиотеката во светот на бајките’’ “ на која присуствуваа првачињата од од ООУ „Невена Георгиева -Дуња“. Со одржување на ваквите активности најмладите имаат можност да уживаат во нивните омилени сказни и да се запознаат со фондот и услугите на детските оддели во градската библиотека.

Објавено: 01 Октомври 2019 Пуштен во употреба новиот товарен лифт во библиотеката „Другарче“

Во библиотеката „Другарче“ е поставен и пуштен во употреба товарен лифт, које наменет за пренесување на новонабавените книги кои се обработуваат во одделениетоза стручна обработка на книжниот фонд. Книгите потоа се дистрибуираат до сите 18библиотеки кои се во составот на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ –Скопје.

Објавено: 30 Септември 2019 Делегација од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје

Делегација од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје предводена од директорката Сузана Данаилова оствари посета на Град Нинберг на покана на директорката на Градската библиотека во Нинберг, г-ѓа Elisabeth Strater. На работната средба беше договорено потпишување на Меморандум за соработка и планирање на активности за...

Објавено: 18 Септември 2019 Реновирање на училницата каде што се одржува курсот по англиски јазик во библиотеката „Другарче“

Bo библиотеката „Другарче“ со донација на „Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп“ извршено е реновирање на училницата каде се одржува курс по англиски јазик. Со тоа се создадени подобри и попријатни услови за работа на учениците кои го посетуваат курсот по англиски јазик во нашата библиотека.

Објавено: 01 Август 2019 TOPSI- едукативно катче за ученици од основно и средно училиште

Во библиотеката „Другарче“ со донација на „Стопанска банка“ а.д. Скопје, формирано е едукативно катче за ученици од основните и средни училишта, за организирање на едукативни работилници, презентации, обуки итн. За таа цел просторот е комплетно реновиран и опремен со соодветен инвентар, компјутерска опрема, смарт табла...

Објавено: 01 Август 2019 Поставување на товарен лифт во библиотеката „Другарче“

Во библиотеката „Другарче“ во тек е поставување на товарен лифт, кој ќе биде наменет за пренесување на книги кои се обработуваат во одделението за обработка на книжен фонд и истите потоа се дистрибуираат до сите 18 библиотеки кои се во составот на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Објавено: 31 Јули 2019 Завршна приредба на децата од игралната во библиотеката „Другарче“

Завршна приредба на децата од игралната во библиотеката „Другарче“ Дечињата кои ја посетуваат игралната при библиотеката „Другарче“ ја имаа завршната приредба. Низ игра и песна, стихотворби и насмевки, тие пред своите најблиски покажаа што научиле за време на својот престој во игралната. Со приредбата децата симболично го означија крајот на своето овогодишно дружење. На сите деца им беа доделени дипломи и подароци.

Објавено: 04 Јули 2019 Министерски Форум за културна соработка на земјите од Процесот 17+1

Центарот за координација на културната соработка меѓу НР Кина и земјите на Централна и Источна Европа (17+1) преку Министерството за култура на Република Северна Македонија активно работи на реализирање на програмата во рамките на Процесот 17+1. Носечка активност на Центарот оваа година е организирањето на 4. Министерски Форум за културна соработка на земјите од Процесот 17+1 кој ќе се одржи во Скопје (19 – 21 Ноември). Наша цел на форумот е усвојување на Декларација за културна соработка кој ќе ги дефинира главните насоки на културната соработка во наредните две години...

Објавено: 02 Јули 2019 Отварање на нова подружница на Златибор

Директорката на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, Сузана Данаилова на покана од директорката на библиотеката Љубиша Р. Џенич - Чајетина присуствуваше заедно со тричлена делегација од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, на денот на библиотеката и отварање на нова подружница на Златибор. По тој повод им подаривме 40 наслова(книги) од светската книжевност преведени на македонски јазик. Овие книги ќе го збогатат нивниот книжен фонд и ќе бидат достапни на читателите кои што сакаат да читаат на македонски јазик.

Објавено: 13 Јуни 2019 Реконструкција на вториот кат

На 10-ти Јуни 2019 година ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје започна со реконструкција на вториот кат


Објавено: 07 Јуни 2019 Дигитални услуги во библиотеките 2.0

Од 4 до 6 јуни во Врујци – Србија се одржа три дневниот семинар “Дигитални услуги во библиотеките 2.0“ на кој учествуваа наши библиотекари од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. На овој семинар се говореше за дигиталната трансформација во културните установи, како и за виртуелниот референтен систем, електронски услуги, информации за заштита….

Објавено: 27 Мај 2019 Чествување на Димитар Митрев

На 29 мај (среда) 2019 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје ќе се одржи Чествување на Димитар Митрев. На средбата посветена на 100 години од неговото раѓање беседа за основоположникот на современата македонска книжевна критика ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова - Чепишевска. На средба ќе биде промовирана и книгата „Мозаик од гласови“ од Лидија Капушевска - Дракулевска, добитник на наградата „Димитар Митрев“ на ДПМ за 2018 година. Наградента книга ќе ја промовира проф. д-р Анастазија Ѓурчинова. Настанот ќе започне во 12.00 часот во Спомен - собата на Миладиновци во Библиотеката.

Објавено: 24 Мај 2019 Читањето е сонување со отворени очи

Во библиотеката „Другарче“ по 8-ми пат се организираше литературен конкурс на тема „Читањето е сонување со отворени очи“, по повод одбележувањето на денот на македонските и словенски просветители „Св. Кирил и Методиј”. Учество на конкурсот зедоа учениците од 14 основни училишта. По тој повод во библиотеката „Другарче“ се одржа прослава на која беа доделени Гран при награди на учениците Христијан Љотиќ од ООУ „Мирче Ацев“ (проза) и Јана Костовска од ООУ „Јоаким Крчовски“ (поезија), а наградени со дипломи беа и останатите учесници. На настанот зедоа учество учениците од хорот и драмската секција од ООУ „Аврам Писевски“ и ученици од музичка секција од ООУ„Јохан Х. Песталоци“.

Објавено: 22 Мај 2019 Чествување на Гане Тодоровски, по повод 90 години од раѓањето

На 22 мај (среда) 2019 година во 12.00 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ се одржа Чествување на Гане Тодоровски, по повод 90 години од раѓањето. Беседа за Гане Тодоровски одржа писателот Раде Силјан. Стихови од неговото творештво интерпретираше актерот Томе Витанов.

Објавено: 13 Мај 2019 „Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје од 10ти до 12ти мај во Крушево ја одржа „Меѓународната конференција на библиотекари, иноватори и креативци“ на којаучествуваа 112 библиотекари од сите библиотеки во Македонија.

Објавено: 10 Мај 2019 „Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје организира „Меѓународнаконференција на библиотекари, иноватори и креативци“ која оваа година ќе се одрживо Крушево од 10ти до 12ти мај во Хотел Монтана.

Читателите рекоа...
Хулија

Дарко

Ивана

Васко

Петар