Завршна приредба на децата од игралната во библиотеката „Другарче“ Дечињата кои ја посетуваат игралната при библиотеката „Другарче“ ја имаа завршната приредба. Низ игра и песна, стихотворби и насмевки, тие пред своите најблиски покажаа што научиле за време на својот престој во игралната. Со приредбата децата симболично го означија крајот на своето овогодишно дружење. На сите деца им беа доделени дипломи и подароци.
Центарот за координација на културната соработка меѓу НР Кина и земјите на Централна и Источна Европа (17+1) преку Министерството за култура на Република Северна Македонија активно работи на реализирање на програмата во рамките на Процесот 17+1. Носечка активност на Центарот оваа година е организирањето на 4. Министерски Форум за културна соработка на земјите од Процесот 17+1 кој ќе се одржи во Скопје (19 – 21 Ноември). Наша цел на форумот е усвојување на Декларација за културна соработка кој ќе ги дефинира главните насоки на културната соработка во наредните две години...
Директорката на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, Сузана Данаилова на покана од директорката на библиотеката Љубиша Р. Џенич - Чајетина присуствуваше заедно со тричлена делегација од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, на денот на библиотеката и отварање на нова подружница на Златибор. По тој повод им подаривме 40 наслова(книги) од светската книжевност преведени на македонски јазик. Овие книги ќе го збогатат нивниот книжен фонд и ќе бидат достапни на читателите кои што сакаат да читаат на македонски јазик.
На 10-ти Јуни 2019 година ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје започна со реконструкција на вториот кат
Од 4 до 6 јуни во Врујци – Србија се одржа три дневниот семинар “Дигитални услуги во библиотеките 2.0“ на кој учествуваа наши библиотекари од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. На овој семинар се говореше за дигиталната трансформација во културните установи, како и за виртуелниот референтен систем, електронски услуги, информации за заштита….
На 29 мај (среда) 2019 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје ќе се одржи Чествување на Димитар Митрев. На средбата посветена на 100 години од неговото раѓање беседа за основоположникот на современата македонска книжевна критика ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова - Чепишевска. На средба ќе биде промовирана и книгата „Мозаик од гласови“ од Лидија Капушевска - Дракулевска, добитник на наградата „Димитар Митрев“ на ДПМ за 2018 година. Наградента книга ќе ја промовира проф. д-р Анастазија Ѓурчинова. Настанот ќе започне во 12.00 часот во Спомен - собата на Миладиновци во Библиотеката.
Во библиотеката „Другарче“ по 8-ми пат се организираше литературен конкурс на тема „Читањето е сонување со отворени очи“, по повод одбележувањето на денот на македонските и словенски просветители „Св. Кирил и Методиј”. Учество на конкурсот зедоа учениците од 14 основни училишта. По тој повод во библиотеката „Другарче“ се одржа прослава на која беа доделени Гран при награди на учениците Христијан Љотиќ од ООУ „Мирче Ацев“ (проза) и Јана Костовска од ООУ „Јоаким Крчовски“ (поезија), а наградени со дипломи беа и останатите учесници. На настанот зедоа учество учениците од хорот и драмската секција од ООУ „Аврам Писевски“ и ученици од музичка секција од ООУ„Јохан Х. Песталоци“.
На 22 мај (среда) 2019 година во 12.00 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ се одржа Чествување на Гане Тодоровски, по повод 90 години од раѓањето. Беседа за Гане Тодоровски одржа писателот Раде Силјан. Стихови од неговото творештво интерпретираше актерот Томе Витанов.
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје од 10ти до 12ти мај во Крушево ја одржа „Меѓународната конференција на библиотекари, иноватори и креативци“ на којаучествуваа 112 библиотекари од сите библиотеки во Македонија.
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје организира „Меѓународнаконференција на библиотекари, иноватори и креативци“ која оваа година ќе се одрживо Крушево од 10ти до 12ти мај во Хотел Монтана.
Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, премиерот на Влада на Република Македонија, Зоран Заев со новогодишни пакетчиња од книги ги покани децата да ги спасат јунаците од земјата Фантазија со повеќе читање книги.
На 20 декември 2018 година во Библиотеката се одржа промоција на Зборникот „Поетите за Чедо“ кој е во издание на Советот на манифестацијата „Лесновски ѕвона“ од Кратово. Зборникот го промовираше Братислав Ташковски а стихови посветени на Чедо Јакимовски кажуваа македонски поети. На промоцијата во чест на авторот настапи и оркестарот „Кратовски тамбураши“.
На 22 мај (среда) 2019 година во 12.00 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ се одржа Чествување на Гане Тодоровски, по повод 90 години од раѓањето. Беседа за Гане Тодоровски одржа писателот Раде Силјан. Стихови од неговото творештво интерпретираше актерот Томе Витанов.
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје од 10ти до 12ти мај во Крушево ја одржа „Меѓународната конференција на библиотекари, иноватори и креативци“ на којаучествуваа 112 библиотекари од сите библиотеки во Македонија.
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје организира „Меѓународнаконференција на библиотекари, иноватори и креативци“ која оваа година ќе се одрживо Крушево од 10ти до 12ти мај во Хотел Монтана.
На 22 април (понеделник) во организација на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци “ - Скопје се одбележа Светскиот ден на планетата земја, преку реализирање на настанот „Хортикултурна библиотека“ во соработка со учениците од ДСУ „Георги Димитров“ - Скопје отсек - хортикултура и учениците од второ одделение од ОУ „Коле Неделковски“.
На 18 април 2019 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје ќе се одржи Книжевно пладне со писателот Трајче Кацаров. На средбата ќе биде промовиран неговиот роман за деца Не паркирај гаража , добитник на наградата за литература за деца „Ванчо Николески“ на ДПМ за 2018 година.
Делегација од Градот Бон, Р. Германија ја посетија ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на 10.04.2019 година. На работната средба директорката Сузана Данаилова им го презентираше историјатот на библиотеката и плановите за идните активности. Гостите ја разгледаа библиотеката и се запознаа со начинот на работење во одделите.
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, во Спомен собата на Миладиновци по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата се одржа литературно читање. На литератуното читање присуствуваа ученици од СУГС „Георги Димитров“ од Скопје под менторство на д-р Соња Енџекова – Сопотска, професор по македонски јазик и литература
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на 21 март – Светскиот ден на поезијата ќе се одржи литературно читање со ученици од гимназијата „Георги Димитров“ и поетесата Наташа Сарџовска. Одбележувањето на Светскиот ден на поезијата ќе биде во Спомен собата на Миладиновци во 12.30 часот.
Актуелни состојби во образованието поврзани со изучувањето и читањето на литературата за деца во Република Македонија. Во организација на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, на 28 февруари 2019 година, со почеток во 11.00 часот, ќе се одржи трибина посветена на детската литература во Република Македонија и актуелните состојби во образованието поврзани со изучувањето и читањето на литературата за деца.
Во библиотеката „Другарче“ на 07.02.2019 година во 13h ќе се одржи едукативно-хуманитарен проект „Библиотеката за децата“. Во рамки на проектот ќе се одржат три едукативни работилници кои се во организација на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, во соработка со Светлана Јосифоска – Претседател на Здружение на просветни работници и „Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение“ – Скопје.
Денес во ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, се одржа манифестацијата „Читател рекордер“, која е во организација на библиотеката преку три декади. Секој члeн на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, има можност да биде читател рекордер. Библиотеката за најредовните читатели и за оние кои прочитале најмногу книги во текот на годината им ја доделува наградата читател рекордер.
Како и секоја година така и оваа на 22.02.2019 година (петок) во просториите на библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје, ќе се одржи манифестацијата „Читател рекордер“ за 2018 година.
Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, премиерот на Влада на Република Македонија, Зоран Заев со новогодишни пакетчиња од книги ги покани децата да ги спасат јунаците од земјата Фантазија со повеќе читање книги.