Библиотеката низ историјата


Во овие седумдесет и три години постоење и делување, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје е институција од областа на културата која остварува значајна улога во собирањето, чувањето, заштитата, истражувањето, проучувањето, промовирањето и користењето на пишаната културна историја, давајќи придонес во развивањето на знаењето и негувањето на националните културни вредности.

По ослободувањето на Скопје, во март 1945 година е донесена одлука за формирање на библиотека во градот. По претходно извршените подготовки, на 15 ноември истата година Библиотеката ја започнува својата културно-просветна дејност, со почетен книжен фонд од 3 500 публикации, од кои 500 книги биле детска литература. Во весникот „Нова Македонија“ од 16.11.1945 година е објавен написот: Градската библиотека – читална на град Скопје.

Дел од книжниот фонд со строга селекција бил преземен од предвоената библиотека која работела во Скопје од 1935 до 1940 година, а дел бил подарок од граѓаните на Скопје. Од основањето па сѐ до крајот на 1955 година, Библиотеката функционира како Градска библиотека, а од 1956 година е прогласена за околиска и е преименувана во Народна библиотека на Скопската околија, задолжена да делува како библиотечен центар за околијата. Oд 1953 до крајот на 1955 година сите библиотеки во Скопје биле под заедничка управа на Градската библиотека.

Целата историја
Читателите рекоа...
Хулија

Дарко

Ивана

Васко

Петар