Библиотеката низ историјата


Во овие седумдесет и три години постоење и делување, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје е институција од областа на културата која остварува значајна улога во собирањето, чувањето, заштитата, истражувањето, проучувањето, промовирањето и користењето на пишаната културна историја, давајќи придонес во развивањето на знаењето и негувањето на националните културни вредности.

По ослободувањето на Скопје, во март 1945 година е донесена одлука за формирање на библиотека во градот. По претходно извршените подготовки, на 15 ноември истата година Библиотеката ја започнува својата културно-просветна дејност, со почетен книжен фонд од 3 500 публикации, од кои 500 книги биле детска литература. Во весникот „Нова Македонија“ од 16.11.1945 година е објавен написот: Градската библиотека – читална на град Скопје.

Дел од книжниот фонд со строга селекција бил преземен од предвоената библиотека која работела во Скопје од 1935 до 1940 година, а дел бил подарок од граѓаните на Скопје. Од основањето па сѐ до крајот на 1955 година, Библиотеката функционира како Градска библиотека, а од 1956 година е прогласена за околиска и е преименувана во Народна библиотека на Скопската околија, задолжена да делува како библиотечен центар за околијата. Oд 1953 до крајот на 1955 година сите библиотеки во Скопје биле под заедничка управа на Градската библиотека.

Целата историја

Настани

Објавено: 07 Август 2020 Универзална децимална класификација

Во издание на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје излезе од печат библиотекарскиот прирачник „Универзална децимална класификација“ од авторите Силвана Јакимова, библиотекар-советник и Радослав Љубиќ, библиотекар-советник.

Објавено: 30 Јули 2020 „Силно светнал ден“

„Силно светнал ден“ во ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Реконструирана електриката и плафоните во холовите на приземје и првиот кат.

Објавено: 02 Јули 2020 Информација за работењето на библиотеката

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, од 06 (понеделник) 07.2020 година повторно почнува да работи со корисници.Во согласност со мерките и препораките од Владата на РСМ по предлог заклучоци од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, донесе одлука за отпочнување со работа на библиотеките.

Објавено: 12 Март 2020 Соопштение

Почитувани,
Согласно мерките и препораките од Владата (по предлог заклучоци од Комисија за заразни болести) донесени на ден 11.03.2020 година ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје донесе одлука дека Библиотеката нема да работи со корисниците, односно ќе биде затворена. Одлуката стапува во сила веднаш. За престанокот на оваа одлука дополнително ќе бидете известени согласно состојбата и препораките.

Објавено: 10 Март 2020 Соопштение

Почитувани,
Согласно мерките и препораките од Владата (по предлог заклучоци од Комисија за заразни болести) донесени на ден 10.03.2020 година ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје донесе одлука дека Библиотеката нема да работи со корисниците на читалните, односно ќе бидат затворени. Одделите за издавање на книги ќе си работат со нормално работно време. Одлуката стапува во сила веднаш . За престанокот на оваа одлука дополнително ќе бидете известени согласно состојбата и препораките.

Објавено: 10 Февруари 2020 Интерактивна книжевна работилница

Во нашата библиотека на 13 февруари 2020 година ќе се одржи Интерактивна книжевна работилница посветена на списанието за деца „Развигор“. Средбата ќе се одржи во соработка со Редакцијата „Детска радост“ и на неа ќе присуствуваат наставниот кадар и учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ од Стајковци. Гости на настанот ќе бидат Славчо Пеев, одговорен уредник на списанието за деца „Развигор“, Вера Андон, поет за деца, Ксенија Трајчева, писател за деца и Сузана Томовска, илустратот за деца.Средбата да ќе се одржи во спомен-собата Миладиновци со почеток во 11.00 часот.

Објавено: 10 Февруари 2020 Nescafe новиот простор за кафе и разговори за сите посетители

Книгите и кафето отсекогаш одлично си пасувале 😊. Библиотеката "Браќа Миладиновци" благодарение на Nescafe го доби новиот простор за кафе и разговори за сите посетители.

Објавено: 23 Декември 2019 Одлука за избор

Одлука на избор на кандидати по објавен јавен оглас за вработување на неопределено време во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Објавено: 16 Декември 2019 Акција за чистење на 20 локации во Скопје

Градска библиотека " Браќа Миладиновци " спремни за акција

Објавено: 12 Декември 2019 Промоција на поетската книга „Крстна коска“

На19 декември во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи промоција на поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџовска. За најновото поетско остварување на Сарџовска ќе зборува проф. д-р Владимир Мартиновски а стихови од нејзината поезија ќе интерпретира актерката Софија Настевска Промоцијата ќе се одржи во Спомен-собата на Миладиновци со почеток во 12 часот.

Објавено: 06 Декември 2019 Јавен оглас за вработување на 3(три) лица

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци„ – Скопје има потреба од вработување на 3(три) лица:даватели на јавни услуги , на следните работни места :

Објавено: 06 Декември 2019 Библиотека на годината

Комисијата за доделување на признанието „Библиотека на годината“, работејќи според насоките на Правилникот за доделување на признанието „Библиотека на годината“ и следејќи ги Критериумите за вреднување / проценување на посебноста за доделување на признанието „Библиотека на годината“ заклучија дека...

Објавено: 05 Декември 2019 Чествување на празникот „св. Климент Охридски“ во библиотеката „Другарче“

Во библиотеката „Другарче“ се одржа XII литературна манифестација по повод празникот Св. Климент Охридски. Со учество на ученици од Р. Србија оваа манифестација доби статус на меѓународна. Доделени се награди на учениците од 17 основни училишта, кои учествуваа на литературниот конкурс на тема „Моќта на словото“.

Објавено: 03 Декември 2019 Промоција на книга „Чешмичето раскажува“ од Мирјана Тренчева

Новелата ,, Чешмичето Раскажува“ е тематски и мотивски врзана за Скопје и дава придонес кон богатата и разновидна историја што македонските писатели ја испишуваат во своите дела. Станува збор за проза која како подлошка го има преданието за тасиното чешмиче во подножјето на Водно како своевидна тажна и поразителна сказна од времето на турското ропство со злоделата и поразиите што ги носи со себе.

Објавено: 22 Ноември 2019 Чествување на Матеја Матевски

На 27 ноември, 2019 година (среда), во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје, ќе се одржи Чествување на големиот македонски поет академик Матеја Матевски по повод 90 години од неговото раѓање. За ликот и делото на Матевски ќе зборуваат академик Катица Ќулавкова и Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија

Објавено: 18 Ноември 2019 Републички натпревар „Млади библиотекари“

На 15.11.2019 година се одржа 20. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. На натпреварот учествуваа и се натпреваруваа 28 учесници од основните училишта на Република Северна Македонија. Петчлената комисија во состав: Јелисавета Костадинова, претседател, Маја Трајковиќ...

Објавено: 14 Ноември 2019 74 години постоење на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје

На денешен ден пред 74 години на 15 ноември 1945 година Библиотеката ја започнува својата културно просветна дејност. Објавено: „Нова Македонија“, 16 ноември 1945 година

Објавено: 14 Ноември 2019 Поетска книга „Човек“

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на 13 ноември во 12.00 часот се одржа промоција на поетската книга „Човек“ од Јовица Ивановски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2019 година. За наградента книга зборуваше Владимир Мартиновски а стихови интерпретираше актерот Владимир Петровиќ. Јовица Ивановски е роден 1961 година и е автор е на 14 поетски книги.

Објавено: 13 Ноември 2019 Промоција на поетска книга

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје има чест да ве покани на промоција на поетската книга „Човек“ од Јовица Ивановски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2019 година. За наградената книга ќе зборува Владимир Мартиновски а стихови ќе интерпретира актерот Владимир Петровиќ. Настанот ќе се одржи на 13 ноември (среда) 2019 година во Спомен - соба на Миладиновци со почеток во 12:00 часот.

Објавено: 31 Октомври 2019 Куклена претстава на тема: Здрава храна, заболекар и бонтон

Учествуваа студенти од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје
Изложба на цртежи на учениците од ООУ ,,Димитар Миладинов“ кои ги илустрираа своите впечатоци од претставата

Објавено: 31 Октомври 2019 Корица на книгата

Денес на 31.10.2019 во просториите на централната библиотека “Цветан Димов„ која се наоѓја во општина чаир ја реализиравме активноста по ликовниот предмет со тема : Корица на книгата.

Објавено: 29 Октомври 2019 Литературни творци од Македонија

Традиционална, годишна средба на членовите од Здружението на просветни работници- литературни творци од Македонија. Промовирани и наградени творби од членовите на здружението. Наградата за животно дело е доделена на...

Објавено: 25 Октомври 2019 Библиотека „Другарче“ – ликовна работилница „Златна есен“

Децата кои ја посетуваат игралната на библиотеката изработуваа фигури и колажи од есенски лисја

Објавено: 25 Октомври 2019 Општински натпревар „Млади библиотекари“

На 25 октомври 2019 година, во просториите на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, беше одржан XX Општински натпревар „Млади библиотекари“. Натпреварот започна во 10.00 часот и траеше 60 минути. Оваа година учествуваа и се натпреваруваа во знаење од областа на библиотекарството 43 ученици од 19 основни општински училишта од Скопје. Победникот ќе учествува на XX Републички натпревар „Млади библиотекари“ кој ќе се одржи, исто така, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Објавено: 24 Октомври 2019 Учество на конференција на библиотечна унија во Варшава

Директорката на Градската библиотека “Браќа Миладиновци” Скопје м-р Сузана Данаилова во периодот од 21-25 октомври присуствуваше на конференција на Библиотечната унија на СЕЕС во Националната библиотека на Полска во Варшава https://www.bn.org.pl

Објавено: 15 Октомври 2019 Ученици од ОУ „Коле Неделковски“ ја посетија Библиотеката

На 15 октомври 2019 година ученици од ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје, предводени од наставничката Радмила Илиева Стојановска и билиотекарот Весна Трајковска ја посетија нашата библиотека. Во рамките на посетата учениците се запознаа со работата на библиотеката, остварија интересни разговори во Детското оделение и присуствуваа на процесот на заштита на оштетените книги.

Објавено: 09 Октомври 2019 Ученици од приватното ОУ „Јахја Кемал“ – Скопје во посета на библиотеката„Другарче“

На 8 и 9 октомври библиотеката „Другарче“ ја посетија ученици од трето одделение одучилиштето „Јахја Кемал“. Посетата се реализираше преку запознавање на учениците со работата во библиотеката, разгледување на библиотечните одделенија и запознавање со начинот на зачленување во библиотеката.

Објавено: 09 Октомври 2019 Наставна активност на тема: „Најмладите пријатели на библиотеката во светот на бајките“

Во Библиотеката ,,Страшо Пинџур“ се одржа наставна активност на тема: ,, Најмладите пријатели на библиотеката во светот на бајките’’ “ на која присуствуваа првачињата од од ООУ „Невена Георгиева -Дуња“. Со одржување на ваквите активности најмладите имаат можност да уживаат во нивните омилени сказни и да се запознаат со фондот и услугите на детските оддели во градската библиотека.

Објавено: 01 Октомври 2019 Пуштен во употреба новиот товарен лифт во библиотеката „Другарче“

Во библиотеката „Другарче“ е поставен и пуштен во употреба товарен лифт, које наменет за пренесување на новонабавените книги кои се обработуваат во одделениетоза стручна обработка на книжниот фонд. Книгите потоа се дистрибуираат до сите 18библиотеки кои се во составот на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ –Скопје.

Објавено: 30 Септември 2019 Делегација од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје

Делегација од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје предводена од директорката Сузана Данаилова оствари посета на Град Нинберг на покана на директорката на Градската библиотека во Нинберг, г-ѓа Elisabeth Strater. На работната средба беше договорено потпишување на Меморандум за соработка и планирање на активности за...

Објавено: 18 Септември 2019 Реновирање на училницата каде што се одржува курсот по англиски јазик во библиотеката „Другарче“

Bo библиотеката „Другарче“ со донација на „Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп“ извршено е реновирање на училницата каде се одржува курс по англиски јазик. Со тоа се создадени подобри и попријатни услови за работа на учениците кои го посетуваат курсот по англиски јазик во нашата библиотека.

Објавено: 01 Август 2019 TOPSI- едукативно катче за ученици од основно и средно училиште

Во библиотеката „Другарче“ со донација на „Стопанска банка“ а.д. Скопје, формирано е едукативно катче за ученици од основните и средни училишта, за организирање на едукативни работилници, презентации, обуки итн. За таа цел просторот е комплетно реновиран и опремен со соодветен инвентар, компјутерска опрема, смарт табла...

Објавено: 01 Август 2019 Поставување на товарен лифт во библиотеката „Другарче“

Во библиотеката „Другарче“ во тек е поставување на товарен лифт, кој ќе биде наменет за пренесување на книги кои се обработуваат во одделението за обработка на книжен фонд и истите потоа се дистрибуираат до сите 18 библиотеки кои се во составот на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Читателите рекоа...
Хулија

Дарко

Ивана

Васко

Петар