Читател рекордер за 2014 година
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје организира „Меѓународнаконференција на библиотекари, иноватори и креативци“ која оваа година ќе се одрживо Крушево од 10ти до 12ти мај во Хотел Монтана. На Конференцијата ќе учествуваат 110 библиотекари од сите библиотеки во Р.С. Македонија, како и гости од Србија,Бугарија и Германија. Конференцијата е под слоганот „Влези во дигитален свет“ и јадефинира овогодишната тема - „Насоки за дигитализација на културното наследство вобиблиотеките“ .Во рамките на Конференцијата ќе се одржат две работилници кои ги водатстручни професионални библиотекари:Првата е „Гемификација во библиотеките“ нов тренд во библиотеките.Предавање и обука ќе одржи Мирко Марковиќ, библиотекрски советник од ИнтернетКлуб Србија. Втората е „Стратешките принципи и цели на дигитализацијата“. Предавачи на оваа тема се професионални библиотекари од Универзитетската иНародната библиотека од Белград, д-р Адам Софрониевиќ и Мирољуб Стојановиќ иHartmut Janczikowski од Германија. Искуствата и знаењата од Конференцијата ќе бидатархивирани и ќе послужат за идни обуки на сите вработени во институциите чијазадача е дигитализирање на културното наследство.„Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“ е дел одПрограмата во областа на културата од јавен интерес за Град Скопје за 2019година и целосно подржана од Градоначалникот на Град Скопје.