Настани
-
Трибина за детска литература
Објавено: 26 Февруари 2019
Актуелни состојби во образованието поврзани со изучувањето и читањето на литературата за деца во Република Македонија. Во организација на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, на 28 февруари 2019 година, со почеток во 11.00 часот, ќе се одржи трибина посветена на детската литература во Република Македонија и актуелните состојби во образованието поврзани со изучувањето и читањето на литературата за деца.
-
Библиотека за децата
Објавено: 07 Февруари 2019
Во библиотеката „Другарче“ на 07.02.2019 година во 13h ќе се одржи едукативно-хуманитарен проект „Библиотеката за децата“. Во рамки на проектот ќе се одржат три едукативни работилници кои се во организација на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, во соработка со Светлана Јосифоска – Претседател на Здружение на просветни работници и „Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение“ – Скопје.
-
Читател рекордер за 2018
Објавено: 22 Февруари 2019
Како и секоја година така и оваа на 22.02.2019 година (петок) во просториите на библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје, ќе се одржи манифестацијата „Читател рекордер“ за 2018 година.
-
Новогодишни пакетчиња во библиотеката
Објавено: 03 Јануари 2019
Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, премиерот на Влада на Република Македонија, Зоран Заев со новогодишни пакетчиња од книги ги покани децата да ги спасат јунаците од земјата Фантазија со повеќе читање книги.
-
Промоција на Зборник „Поетите за Чедо“
Објавено: 26 Декември 2019
На 20 декември 2018 година во Библиотеката се одржа промоција на Зборникот „Поетите за Чедо“ кој е во издание на Советот на манифестацијата „Лесновски ѕвона“ од Кратово.Зборникот го промовираше Братислав Ташковски а стихови посветени на Чедо Јакимовски кажуваа македонски поети. На промоцијата во чест на авторот настапи и оркестарот „Кратовски тамбураши“.
-
Одлука за избор
Објавено: 19 Декември 2018
Одлука на избор на кандидати по објавен јавен оглас за вработување на неопределено време во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.







